Српската полиција упати помош за Македонија во возила и пумпи

Од:

Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека денеска упати помош за Македонија во механизација и луѓе за санирање на последиците од поплавите предизвикани од временските неприлики. Како што се наведува во соопштението, околу 20 припадници на пожарникарско-спасувачките единици на српската полиција тргнале кон Македнија за да помогнат на граѓаните.

Помошта се состои од повеќе теренски возила и камиони со неопходна опрема и пумпи.

Министерот за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ сам понудил помош околу заштитата на граѓаните и санирање на теренот.

Црвениот крст на Србија определи посебна сметка на која фирмите, граѓаните, институциите во Србија кои сакаат да помогнат може да донираат парични средства кои ќе бидат префрлени на македонскиот црвен крст за набавка на неопходните производи за загрозените жители.

Би можело да ве интересира

Бакиќ: Се подготвував да бидам министер за полиција, но тоа е само моја желба

(ВИДЕО) Детали за несреќата во Хрватска: покрај двете жртви има и шестмина тешко повредени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се преврте српски автобус во Хрватска, двајца загинати

Катерина Ѓуровски

Го уби љубовникот на сопругата, го осудија на 20 години затвор – сега доби намалување на казната

А1он

Српски „ловци“ следеа авион на „Виз ер“ поради закана со бомба

А1он

Уапсен е Предраг Вулетиќ, соработник на Вулин: Осомничен е дека го оштетил буџетот за 131 милион динари