Српската амбасадорка го посети Куманово

Од:

Амбасадорката на Србија Душанка Дивјак Томиќ и сопруги на повеќе амбасадори во државава, денеска ја посетија општина Куманово и остварија средба со градоначалникот Зоран Дамјановски.

Средбата ја иницира невладината организација „Macedonia Welcome Centre”, а Дамјановски информираше за специфичностите на општината, меѓуетничкиот соживот, културните понуди и можностите за економскиот развој на општината.

– Оваа е добра иницијатива која треба да продолжи и во иднина. Очекуваме здружението да издаде водич кој ќе биде поддржан од општините и на тој начин ќе ја доближиме картата на  Македонија до земјите пријатели, рече Дамјановски.

Агендата на „Macedonia Welcome Centre” е промоција на Македонија кај странците кои живеат и престојуваат во државава, дипломатите, невладиниот сектор, бизнис заедницата.

– Веќе 4-5 години успешно работиме, претставувајќи линк меѓу дипломатите во Македонија и локалното население. Многу често соработуваме со општините со цел нивна промоција, истакна претседателката на здружението Емилија Миладинова Аврамчева.

Амбасадорката Дивјак Томиќ потенцира дека Куманово е мошне атрактивно и има што да понуди на посетителите.

Гостите ги посетија црквите во Куманово, но и стопанските капацитети на подрачјето на општината.

Би можело да ве интересира

Загина 64-годишен возач во близина на Куманово

Пронајдена почината 50 годишна кумановка

А1он

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток