Синоќа околу 19 часот и 45 минути во непосредна близина на СВР Тетово дежурните полициски службеници ја забележале српската државјанка Д.В (48) како се обидува да скокне во реката Пена. Тие брзо реагирале и во последен момент успеале да ја фатат по што таа била задржана во полицијата.
Била повикана лекарска екипа која и пружила помош на српаската државјанка која била под дејство на алкохол. Било утврдено дека таа е од Зрењанин и дека подолго време претстојувала во повеќе градови низ Македонија, но засега не се знае точно што работела. Во текот на денот таа ќе биде преземена од Одделот за странци на понатамошен третман, изјави Јосифовски.