СРМ обвинува за притисок врз Ромите во администрацијата

Од:

Сојузот на Роми од Македонија денеска обвини дека владејачката партија СДСМ преку директори на државни институции врши притисок врз Ромите вработени во администрацијата од кои се бара да го посетат штабот на партијата се сликаат со нивниот кандидат за градоначалник на општината, Курто Дудуш, и потоа да им ја покажат.

Како институции чии раководни лица го прават притисокот тој ги посочи Генералниот секретаријат, Државниот архив на РМ, ГТЦ, и неколку министерства.

– Во име на овие мирољубиви Роми во РМ им укажуваме на нивните раководители и директори да престанат со ваквите притисоци и да и овозможат на администрацијата професионално да си ја врши својата работа, рече носителот на листа на советници на СРМ Сеад Исмаил.

Додаде дека со оваа прес-конференција сака да ги извести и претставниците на ЕУ, на амбасадите, ОБСЕ/ОДИХР, како и Народниот правобранител да реагираат на ваквото однесување со цел да се овозможат демократски услови на претстојните избори да победи подобриот.

Би можело да ве интересира

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски