Средношколски Пленум со интерни пленуми на локално ниво

Од:

„Средношколскиот Пленум ја информира јавноста дека е започната постапката за основање интерни пленуми на средните училишта низ Република Македонија.

Интерните пленуми имаат за цел да доведат до поголема вклученост и координација помеѓу средношколците во активностите и одлуките на Средношколскиот Пленум.

Интерните пленуми на средните училишта подоцна ќе ги сочинуваат пленумите на Средношколски на градско ниво (локално). Средношколскиот Пленум ги повикува сите средношколци да се вклучат во работата и активностите на локалните пленуми.

Подетални информации околу интерните пленуми заинтересирани можат да добијат на „Фејсбук“ страницата на СП и/или на [email protected]. Формирањето на интерните пленуми е предвидено до 7-ми март, со што започнуваат и активностите на Пленумот на локално ниво.

Пленумот бара измени во начинот на екстерното тестирање и укинување на математиката за задолжен предмет за државна матура“, се вели во соопштението на Средношколскиот Пленум.

Би можело да ве интересира

Средношколците ќе учат до 10-ти, a основците до 17 јуни, ќе се одлучува како ќе се надоместат двете неработни среди за изборите

Преполовен бројот на новите средношколци во Струмица

Гимназиите веќе не се најпривлечни за учениците

Берин Мухамед нов претседател на Сојузот на средношколци

Ана Ололовска

Сојузот на средношколци ќе избира нов претседател и Извршен одбор

Ана Ололовска

Сојузот на средношколци поднесе иницијатива до Уставен суд, сите средношколци да имаат бесплатен јавен превоз