„Средношколскиот Пленум ја информира јавноста дека е започната постапката за основање интерни пленуми на средните училишта низ Република Македонија.
Интерните пленуми имаат за цел да доведат до поголема вклученост и координација помеѓу средношколците во активностите и одлуките на Средношколскиот Пленум.
Интерните пленуми на средните училишта подоцна ќе ги сочинуваат пленумите на Средношколски на градско ниво (локално). Средношколскиот Пленум ги повикува сите средношколци да се вклучат во работата и активностите на локалните пленуми.
Подетални информации околу интерните пленуми заинтересирани можат да добијат на „Фејсбук“ страницата на СП и/или на [email protected]
Пленумот бара измени во начинот на екстерното тестирање и укинување на математиката за задолжен предмет за државна матура“, се вели во соопштението на Средношколскиот Пленум.