Седумнаесетгодишна средношколка од Боговиње се здобила со тешка повреда на главата и во неконтактибилна состојба итно била пренесена на скопските клиники откако вчера околу 14 часот паднала од автобус во близина на бензинската пумпа во Долно Палчиште, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
– Според првичните сознанија од извршениот увид девојката се превезувало со автобус на „Башким турс“ што го управувал И.А.(49) од Теново. Според неговиот исказ даден во полиција откако самиот се јавил во полициското одделение Камењане околу 14 часот девојката наводно се обидела што побрзо да слезе од автобусот зашто и испаднал мобилниот телефон и како што изјавил возачот слегувајќи се сопнала и паднала на тротоарот. Веднаш застанало друго возило кое се движело зад автобусот со кое тешко повредената девојка била пренесено на хирушкото одделение во тетовската клиничка болница од каде по укажаната помош во неконтактибилна состојба итно била однесена на клиниките во Скопје, истакна Јосифовски.
Во координација со јавен обвинител се преземаат мерки и активности за целосно расветлување на сите поединости околу овој случај-како и зошто паднало и се повредило 17-годишното девојче од Боговиње.