Средеба на комисијата што ќе ги избира новите антикорупционери

Од:

– Комисијата за селекција на кандидати за претседател и за членови на Државната комисија за спречување на корупцијата денеска на пладне ќе одржи работна средба во Собранието на Република Македонија.

Како што информира собраниската прес-служба, работната средба е во функција на почнување на постапката за именување на претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Македонија на седницата одржана на 29 овој месец ја формираше Комисијата за селекција на кандидати за претседател и за членови на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Левица: ДКСК извршила директна дискриминација врз пратеникот Апасиев