Среде сезона проблеми со водоснабдувањето и струјата во Трпејца

Од:

Жителите на туристичката наслеба Трпејца среде сезона се соочуваат со проблеми со нормално снабдување со вода и електрична енергија. Тие викендот останале без вода за пиење, а слаб е и преносот на струја. Поради ова жителите полнеле вода со кофи од селските чешми.

Директорот на Јавното претпријатие Проаква Томе Паскаловски за А1он ја потврди веста. Според него проблемот не е во водоснабдителниот систем туку затоа што селото со вода за пиење се снабдува со специјални пумпи со кои се црпи вода директно од езерото.

„Проблемот е во електричната енергија бидејќи напонот е многу низок.Во текот на викендот напонот на електрична енергија беше 110 волти, напон кој ги усклучува пумпите бидејки имаат сигурносна заштита и со тој напон тие можат да прегорат.

ЕВН го знае проблемот, а комуницираме и со локалните жителите. Ние ќе направиме максиумум да ги снабдиме со вода за пиење жителите, но не и да направиме штети кои ќе го загрозат водоснабдувањето“, рече Паскаловски.

Паскали вели дека во Трпејца вода во моментот има, но дека во попладневните часови доаѓа до намалување на притисокот на вода и нормалното снабдување со вода.

„Нашите екипи се на терен и се во тек со состојбата. Струја во Трпејца сега има но е со низок напон кој е многу опсен за пумпите кои вршат пумпање на вода од езерото до пумпните станици. Имавме разговори и со ЕВН“, рече Паскаловски.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Забрана за пиење на водата од пет јавни чешми во Општина Гевгелија

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он

Од 12 октомври „Безбеден град“ во Охрид, Дебар, Кичево и Струга

Мицкоски: Нема да има енергетски шокови оваа зима

(ВИДЕО) Левица: Во Кисела Вода посегнаа да бркаат наш советник од седница кога не им се допаѓа вистината

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски