Средби на Попоски на маргините од Генералното собрание на ОН

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Попоски, на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации, вчера во Њујорк се сретна со шефови на дипломатиите на Шпанија, Обединетите Арапски Емирати и на Виетнам, а учествуваше и на средби чиј фокус бил југоисточна Европа.

Како што соопшти МНР, министерот за надворешни работи на Кралството Шпанија, Хозе Мануел Гарсија Маргало на средбата со Попоски го потврди длабокото пријателство помеѓу двете земји и искажа благодарност за поддршката на Република Македонија при кандидатурата на Шпанија за членство во Советот за безбедност на Обединетите нации.

Министерот Попоски се сретна и со министерот за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула Бин Зајед Бин Султан Ал Нахијан, кој, се наведува, го оцени отворањето на македонска амбасада во ОАЕ како одличен избор и подвлече дека нивниот фокус е да го прошират своето присуство со инвестиции во Балканот.

Двајцата министри, како што се почосува, се согласиле дека треба да се продолжи со либерализацијата на визниот режим и со проширување на промоцијата на можности за соработка меѓу двете земји и преку склучување договори.

Шефот на македонската дипломатија се сретна и со министерот за надворешни работи на Виетнам, Фам Бин Мин.

– Двајцата министри се договорија, со цел да се зголеми економската соработка, да се направат работни групи од министерствата за надворешни работи и финансии, за финализирање на договорите за промоција на инвестиции и ослободување од двојно оданочување. Министерот Бин Мин искажа интерес за возвратна посета на Македонија и продолжување на активностите за бизнис промоција во двете земји, се вели во соопштението од МНР.

Министерот Попоски се сретна и со Генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Заниер, со кого разговарале за безбедносната ситуација на територијата на земји членки на Организацијата.

Шефот на македонсктата дипломатија присуствувал и на работниот ручек на министри за надворешни работи во рамки на Процесот за соработка во југоисточна Европа (ПСЈИЕ), чиј домаќин бил албанскиот колега Дитмир Бушати. Министрите, се наведува, подвлекоа дека фокусот колку што е на регионалната соработка преку вакви форуми, исто така треба да биде и на билатералната соработка помеѓу секоја од земјите во регионот посебно.

Министерот Попоски потенцираше дека „покрај политичката комуникација меѓу влади и администрација, земјите треба да посветат внимание на зближување на бизнис заедниците и така, претставувајќи се како заеднички пазар, да привлекуваат инвеститори однадвор“. Според МНР, тоа ќе биде фокусот на Македонија како претседавач на Централно – европската иницијатива идната година, а тоа предлагаат да биде фокус и на ПСЈИЕ идната година.

Министерот Попоски учествуваше и на тркалезната маса за „Регионалната перспектива на Западен Балкан на заканата од странски борци во Сирија и Ирак“, организирана од помошникот државен секретар на САД за Европа, Викториа Нуланд.

– САД и сите земји од Западен Балкан едногласно потврдија дека насилниот религиозен екстремизам може ефективно да се потисне само преку ефикасна регионална соработка. Напорите кон потиснување на вакви насилни појави можат да вродат резултати само ако се насочени воедно кон манифестацијата на насилството, да се спречи ширење на погрешни толкувања, поттикнување на верска омраза или мобилизирање на борци во странство, како и преку пораки за обесхрабрување на фанатизмот од страна на верските лидери, се вели во соопштението.

Претседателот на РМ Иванов, кој ја предводи македонската делегација на ГС на ОН и министерот Попоски, вечерта присуствуаа на приемот во Македонскиот културен центар организиран од македонски интелектуалци во Њујорк, на кој настапи познатиот македонски музичар Дуке Бојаџиев. 

Би можело да ве интересира

МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

МНР апелира да се избегнуваат патувања во Израел и регионот

Македонската амбасадорка итно повикана во бугарското МНР: „Лажни се изјавите на македонските политичари“

Орце Костов

МНР го осуди нападот врз цивилите во Газа: Ова е кршење на меѓународното право

Орце Костов