Средби на министри и носители на јавни функции од ДУИ со граѓани во Чаир

Од:

Власта да биде поблиска до граѓаните и да ги чуе секојдневните потреби и проблеми на граѓаните, требаше да овозможат денешните средби на владини министри и функционери од ДУИ со граѓаните во општина Чаир.

– Некогаш сметаме дека Владата е само за големи прашања и бројки, а на граѓаните им се важни секојдневните мали прашања и проблеми кои им тежат ним и на нивните семејства. Ако ги чуеме од нив ќе може да им помогнеме полесно да се соочат со секојдневните проблеми што ги носи животот, рече вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи.

Ова, појасни тој, не е дел од кампањата за ререфендумот и случајно се погоди да биде сега.

– Почнавме пред два месеца со Липково и Дебар во јули, паузиравме во август поради одморите и еве сега сме во Чаир. Ние и после 30 септември до крајот на мандатот ќе имаме вакви редовни соочувања за да ги чуеме граѓаните, рече Османи.

Апелираше сите граѓани кои се во можност да доаѓаат на ваквите средби и да комуницираат со министрите и вршителите на јавни функции за да можат да се најдат решенија за нивните проблеми.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски

Потврда од ДУИ – Али Ахмети ќе учествува на утрешната лидерска средба

А1он

Нема договор ниту „Бадентер“ за Законот за прекршоци за да почне Сејф сити

ДУИ: Институционална одговорност e потребна по верскиот обред на полицијата

Горан Наумовски

ДУИ: Со Балансерот имаше застапеност, со ВРЕДИ има маргинализација

ВИДЕО: Отпуштените службеници од ДУИ имале и кревети во канцеларијата, објави Стоилковиќ