Средби на министерот Попоски во Женева

Од:

Во функција на промоција на кандидатурата на Република Македонија за членство на Советот на човекови права во ОН за периодот 2014-2016 година министерот за надворешни работи Никола Попоски во рамки на неговата работна посета на Женева одржа средби со амбасадорите на земјите од Источно-европската група на Светската организација.

Како што соопшти МНР, Попоски имаше средба и со амбасадорот Ремигуш Ахил Хенцел, актуелен претседавач со Советот за човекови права.

На средбите се говореше за постигнатото во областа на унапредувањето и заштитата на човековите права во Република Македонија, за приоритетите и заложбите за унапредување на националните и меѓународните политики во оваа сфера, како и за додадената вредност во Советот на човекови права 2014-2016 година, од перспективното членство на Република Македонија.

Попоски истакна дека Република Македонија доколку биде избрана за членка во Советот ќе работи одговорно и транспарентно во постојана комуникација со земјите членки на ОН, во функција на активен и одговорен член.

– Македонија е подготвена и има капацитет за одржување и промоција на највисоките стандарди за човековите права, рече Попоски подвлекувајќи дека за време членството во Советот за човекови права земјата ќе придонесе со конкретни резултати.

За време на средбата со амбасадорот Ремигуш Ахил Хенцел, како актуелен претседател со Советот за човекови права, беа разменати искуства и мислења за работата на Советот, а исто така стана збор и за актуелните случувања и приоритетите на ова тело.

Министерот Попоски оствари средба и со директорот на Женевскиот центар за безбедносна политика, Фред Танер, при што се разменија мислења за глобалните безбедносни прашања, вклучително и темата на која министерот Попоски ќе има излагање во попладневниот дел, посветена на иднината и предизвиците на ОБСЕ.

Станало збор и за поинтензивна соработка на Женевскиот центар за безбедносна политика и Дипломатската академија на МНР.

Во претпладневните активности, шефот на македонската дипломатија Никола Попоски даде интервју за списанието Глобал Журнал, со акцент на презентација на македонските приоритети и активности во европското интегрирање.

Би можело да ве интересира

МНР: Сиљановска Давкова да внимава на политичкиот дијалог со Грција

Орце Костов

МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

МНР апелира да се избегнуваат патувања во Израел и регионот

Македонската амбасадорка итно повикана во бугарското МНР: „Лажни се изјавите на македонските политичари“

Орце Костов