Средби на Џафери со Вујановиќ, Пажин и Зенка

Од:

Претседателот на Собранието Талат Џафери во рамки на официјалната посета на Црна Гора денеска оствари средби со претседателот Филип Вујановиќ, со потпретседател на Владата на Црна Гора за политички систем и министер за правда Зоран Пажин и министерот за човекови и малцински права Мехмед Зенка. На средбите било оценето дека посетата на Џафери е потврда за одличните билатерални односи меѓу двете држави кои во континуитет се негуваат.

Црногорскиот претседател Вујановиќ, како што се посочува во соопштението, на средбата со Џафери истакнал дека двете држави ги врзуваат пријателски односи без отворени прашања и дека можат да послужат за пример во регионот за отворена и блиска соработка. Тој ја нагласил важноста од директна комуникација, а во тој контекст соработката меѓу двете Собранија ја оценил како исклучително важна.

Претседателот на Собранието Џафери упатил честитки за полноправното членство на Црна Гора во НАТО истакнувајќи дека овој успех е поттик за нас и дека се надеваме дека наскоро ќе ги надминеме пречките и Република Македонија ќе стане 30-та членка на Алијансата.

Соговорниците размениле мислења за актуелните состојби во двете држави и во регионот и изразиле надеж дека со помош на ЕУ во рамките на Берлинскиот процес ќе бидат финансирани повеќе инфтраструктурни проекти. На средбата Џафери го покренал прашањето за обновување на авионската линија меѓу Подгорица и Скопје, како и зголемување на соработката во областа на туризмот.

Џафери и црногорскиот потпретседател Пажин нагласувајќи ја политичката стабилност како услов за економски развој, како што се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателот на Собранието, се согласиле дека економската размена има многу поголем потенцијал од постоечкиот обем и изразија очекување дека во периодот што следи ќе имаме поинтензивна економска соработка која ќе има позитивно влијание на целокупната економска активност во двете држави. Беше искажана спремност за соработка на заеднички инфраструктурни и енергетски проекти, како и соработка во областа на туризмот, се посочува во соопштението.

Во рамки на посетата, претседателот на Собранието Џафери и пратениците Џевад Адеми и Максим Димитриевски се сретнале со министерот за човекови и малцински права Мехмед Зенка.

Министерот Зенка, како што стои во соопштението, истакна дека Црна Гора успеа да ги надмине предизвиците и од малцинставата да направи сојузници за своите стратешки приоритети. Тој нагласил дека малцинствата дале голем придонес за евроатланската интеграција на Црна Гора, а тоа е резултат на една зрела политика која правилно се постави кон нив.

– Двате страни ја нагласија важноста на третманот на малцинствата за воспоставување на односи на пријателство и сојузништво меѓу државите во регионот. Иако барањата на малцинствата не се докрај исполнети, на нив постојано се работи и тие наидуваат на слух кај политичките партнери, нагласи министерот Зенка, се посочува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш

А1он

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора