Средби на Бесими со претставници на УНДП и Светска Банка

Од:

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими, денеска одржа одвоени средби со Диедра Бојд постојан координатор на ОН и постојан претставник на УНДП во Македонија и новиот директор на канцеларијата на Светска банка во земјата, Татиана Проскоруиакова.

На средбата со Бојд била нагласена подготвеноста за продолжување и проширување на одличната соработка помеѓу Владата на Република Македонија и УНДП. Во тој контекст вицепремиерот Бесими истакна дека сега земјата е во клучна фаза на патот кон нејзините стратешки цели – членството во ЕУ и НАТО, и поддршката на УНДП во овој процес особено на Пристапниот дијалог на високо ниво е од голема важност за Македонија.

На средбата заменик претседателот Бесими ја истакна и важноста на поддршката која УНДП ја дава за Секретаријатот за европски прашања преку тековниот проект “Градење на капацитети за координација на помош”, која ја поддржува Владата во координацијата на помошта и воспоставувањето на програмски базиран пристап кој е сега основа за програмирање на новата ЕУ – ИПА перспектива за периодот 2014-2020, стои во соопштението.

Постојаниот координатор на ОН и претставник на УНДП Бојд нагласи дека фокусот на УНДП е во придонесот и дополнувањето на националните напори за исполнување на националните приоритети и Акцискиот план за интеграција во ЕУ, особено во областите својствени на мандатот на ОН.

На состанокот со директорот на канцеларијата на СБ Проскоруиакова, се истакна значењето за Република Македонија во овој период да постигне напредок во процесот на интеграција кон ЕУ, притоа договорени се подготвителни средби помеѓу СЕП и канцеларијата на СБ во Скопје со цел дефинирање на области на соработка од европската агенда, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Орбан: Западот повеќе не е пример за следење

Орбан: На ​​Будимпешта не ѝ се потребни рецепти од Брисел

Трамп: Европската Унија да престане да купува нафта од Русија

Македонија e блокирана без отворени или затворени поглавја со ЕУ, изјави Адеми

Горан Наумовски

ЕК предлага суспензија на договорот со Израел и санкции врз израелските министри и Хамас

Орбан: Брисел е на погрешен пат, ние ќе продолжиме по својот, унгарски пат