Средба Заев – Туск: Новата Влада отвора можности за евро-атлантските перспективи за Македонија

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров во Брисел се сретна со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.

Европските перспективи на Македонија беа клучна тема на разговорот.

„Новата Влада е подготвена да предводи силен и квалитетен реформски процес со цел обновување на препораката за преговори на Република Македонија со ЕУ, до крајот на оваа година. Но од голема важност е и поддршката од Европскиот совет за изнаоѓање решенија со коишто билатерални прашања нема да претставуваат долгорочна блокада на процесот на пристапување во ЕУ“, рече премиерот Заев.

Претседателот на Владата, Заев се заблагодари на претседателот на Европскиот совет, Туск, за позитивните сигнали од европските институции за поддршка на евроинтеграциските аспирации на Македонија.

„Ова е силен поттик за Владата, во соработка со Брисел, да ги испорача потребните реформи за деблокирање на препораката за преговори за членство во ЕУ. Се надеваме дека Советот во декември ќе ги прифати заклучоците што водат кон отворање преговори за пристапување на Македонија кон Европската унија. Амбициозни сме бидејќи е изгубено многу време во евроинтегрцискиот процес на Македонија“, рече премиерот Заев.

Претседателот на Владата, Заев го посочи како важен ангажманот на ЕУ во регионот на Западен Балкан, во делот на споделувањето европски демократски вредности, како и за поширока безбедносна стабилност.

На средбата беше нагласена посветеноста на Владата на Македонија за регионална соработка и што ќе ги отвори и зацврсти европските перспективи на државите.

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск го поздрави формирањето на новата Влада во Македонија и оцени дека тоа е одлична можност за придвижување на евроатлантските аспирации на земјата. Претседателот на Советот, Туск, изрази очекување дека Република Македонија ќе го подобри својот углед преку посветена работа, меѓуетнички и меѓупартиски дијалог и добрососедски односи.

По средбата со Туск, премиерот Заев, придружуван од владината делегација има работен ручек со комесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан. Потоа следува средба со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Претходно премиерот Заев имаше средба со високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини.

Би можело да ве интересира

„Ханделсблат“: Потпирањето на Киев врз помошта од ЕУ нема да го спречи мирот под условите на Русија

ЕУ: Украина напредува кон членство во ЕУ и покрај војната

(ВИДЕО) Мицкоски: Подобар извештај од ЕК, нема констатации за назадување – остануваат политичките услови за ЕУ

Горан Наумовски

Каја Калас: Пакетот за проширување испраќа јасна порака – реформите даваат резултати

(ВИДЕО) „Ја сакам демократијата“: Туск го слави поразот на републиканците и испрати порака до Трамп

Лавров: ЕУ се претвора во милитаристички блок насочен против Русија и Белорусија