Средба Заев со Белели: Подготвени сме да најдеме решение

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорот на Италија во Македонија, Масимо Белели.

Можноста за постигнување договор на 29 јуни за начинот на разврска на политичката криза во Македонија, беше една од главните теми на состанокот.

Претседателот Заев ја пренесе неговата посветеност и посветеноста на СДСМ за разговори на принципиелно ниво, што ќе донесат до решенија коишто мора да бидат доволна гаранција за спроведување на слободната волја на граѓаните.

-Подготвени сме да најдеме решение. За постигнување на таа цел важно е да се обезбедат квалитетни механизми за системска реорганизација, што ќе спречат натамошни злоупотреби и организација на Влада во којашто нема да бидат вклучени креаторите на кризата, премиерот Груевски и неговите соработници, рече претседателот на СДСМ Заев.

Тој ја појасни потребата за повлекување на Груевски 6 месеци пред изборите, со потребата на граѓаните од доверба во подготовките на изборниот процес, без уцени, закани, поткуп на гласачи, користење на државните и кадровски ресуси од позиција на политичка моќ, во цели на тесната група на власт.

Италијанскиот амбасадорот Белели го пренесе очекувањето за брзо и целосно решение на политичката криза.

На средбата се разговараше за можностите што ги отвора организацијата на Владата којашто треба да ги подготви и спроведе изборите, за решавање и на критичките прашања нотирани во Извештајот на Прибе, што во најголем дел се забелешки и на Европската комисија, како и за можните поефикасни чекори во други домашни области што се важни за квалитетот на живот на граѓаните на Македонија.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски