Средба за можностите за финансирање на Фондот за иновации и технолошки развој

Од:

На Машинскиот факултет во Скопје денеска се одржа инфо средба за можностите за финансирање на Фондот за иновации и технолошки развој, како и презентација на обрасците за аплицирање.

На инфо средбата, како што соопштија денеска од Фондот за иновации и технолошки развој, биле детално објаснети трите инструменти на Фондот за кои во моментов има отворен јавен повик до 21 октомври 2015 година, како и самите обрасци за аплицирање и препораки за нивно подобро пополнување.

Целта на презентацијата беше да се запознаат заинтересираните кандидати со можностите за финансирање преку Фондот, отворениот повик на Фондот како и обрасците за аплицирање со што ќе се овозможи солидна основа за идни успешни проекти.

Вториот повик на Фондот за иновации и технолошки развој, кој е отворен до 21 октомври 2015 година, е отворен за микро, мали и средни претпријатија, установи кои вршат научно-истражувачка или високообразовна дејност, бизнис здруженија, кластери и/или стопански комори и други заинтересирани страни. Тие ќе можат да аплицираат за три инструменти на Фондот: Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва „старт-ап“ и „спин-оф“, кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации и кофинансирани грантови за трансфер на технологии.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза