Стопанската комора на северозападна Македонија и Фондацијата Албиз денеска ќе организираат средба со бизнис-секторот и локалните невладини организации од Тетово со цел зголемување на капацитетот и одржливоста на граѓанското општество за генерирање приходи од бизнис-секторот.
– Главната цел на средбата е да посредува долгорочни ефективни партнерства меѓу локалните невладини организации и бизнис секторот, кои на крајот ќе резултираат со поголем капацитет на невладините организации да генерираат приходи од бизнис секторот, но исто така и од други фондови, соопштија организаторите.
Средбата се организира во рамките на проектот „Финансиска одржливост на НВО во соработка со бизнис секторот“, финансиран од Европската Унија.
Проектот се имплементира во Скопје, Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево, Струга и Куманово.