(ВИДЕО) Средба Таќи – Жерновски: За парцелите на Водно, излезот е во ангажирањето на граѓаните

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски денеска оствари средба со Леана Таќи, жителка на улицата „Питу Гули“, која се споменува во објавените снимки помеѓу премиерот Никола Груевски и министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

Леана Таќи вели дека во последната „бомба“ на лидерот на СДСМ, се зборува за нејзината најболна тема: нејзината куќа и ридот зад неа, каде што власта сака, како и сите други зелени површини и на тој плац да изгради зграда.

Значајно е, изјави по средбата со Жерновски, некој што се занимава со музика и спорт, слободно да може да го каже својот став.

„Излезот од оваа ситуација во која се наоѓаме е ангажирањето на граѓаните. Она што го направија студентите треба и ние да го направиме“, изјави Таќи.

Таа стравува од лизгање на земјиштето, доколку се исполнат намерите и тука се изградат станбени објекти. Таќи 30 години живее во оваа куќа и тврди дека земјиштето е од глина. Потпорниот ѕид, кој се споменува во разговорите, висок 7 метри, е планиран да се изгради над нејзината куќа и навлегува во самиот двор.

„Жителите неколку пати правеа петиции да не се уништи зеленилото, но сеуште нема ништо од тоа. И новинарите правеа неколку стории, но немаше никаква правна разврска“, вели Таќи.

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, формираше комисија да испита што точно се случува, каков е ДУП-от кој треба да се адаптира на интересите на граѓаните.

„Општината и јас, како градоначалник сме тука пред се’ да ги заштитиме интересите на граѓаните. Тажно е да се види како зелен појас на Водно, поради нечиј интерес, се претвора во место за парцели за домување“, рече Жерновски.

Деталниот Урбанистички План Тасино Чешмиче 1, појасни раководителот на Секторот за урбанизам на општина Центар, Бисера Јакимовска, е наследен од претходното општинско раководство.

Советот минатата година гласаше да не се донесе овој ДУП, но со измените во Законот за просторно и урбанистичко планирање, донесен само за општина Центар, недонесените планови по иницијатива на 1/3 од советниците, можат повторно да се стават на разгледување.

„Волјата на граѓаните и градоначалникот не беше земена предвид и ДУП-от беше донесен со 11 гласа ЗА и 11 гласа ПРОТИВ. Уставниот Суд се прогласи за ненадлежен за процесот на гласање, со издвоено мислење на судијката Наташа Габер-Дамјановска“, рече Јакимовска.

Жерновски во разговорот со Леана Таќи посочи дека општината и тој, како градоначалник ќе ги искористат сите механизми за да се спречи узурпацијата на Водно.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снег на Водно, во неколку града и во скијачките центри

Катерина Ѓуровски

Ангелов: Пожари на две места на Водно и искршено стакло на продавница

Томески: Изгаснат е пожарот во планинарскиот дом на Водно

Пожар во планинарскиот дом на Водно

Горан Наумовски

Момче и девојче повредени во сообраќајка на Водно

Горан Наумовски

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно