Средба Спасовски – Ракушиќ-Хаџиќ: Реформи за враќање на довербата во полицијата

Од:

Формирањето надворешен механизам за контрола на полицијата и враќањето на довербата кај граѓаните, е еден од приоритетите на Министерството за внатрешни работи.

Ова е заклучокот од денешната работна средба на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и делегација на Советот на Европа (СЕ), предводена од Тања Ракушиќ-Хаџиќ, раководител на Одделение за кривично-правна соработка во Генералниот директорат за човекови права и владеење на правото при СЕ.

Спасовски, како што соопшти МВР, ја потенцира подготвеноста за соработка со цел да се реализираат потребните реформи. Според него, проектот „Јакнење на почитувањето на човековите права при полициско постапување“ што се реализира во соработка со СЕ е многу важен, особено зашто во изминатиот период, Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди не ја исполни својата функција, пред се поради субјективни причини односно партизираност и со тоа придонесе за губење на довербата во полицијата.

Министерот потенцира дека формирањето надворешен механизам за контрола како дел од проектот е одлично решение, посебно во правец на формирање посебно одделение во Јавното обвинителство и одделение при Народниот правобранител со вклученост на невладините организации.

Правната рамка за овие решенија треба да се дефинира кон средината на јули, а до септември треба да се достават до Собранието на Република Македонија, со целосна вклученост на стручната јавност, информира МВР.

Ракушиќ-Хаџиќ му го честита изборот на министерот Спасовски и му посака успех во справувањето со предизвиците. Воедно изрази надеж дека преку тековниот проект на СЕ ќе се помогне во враќањето на довербата на граѓаните во полицијата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско

СДСМ: Зошто МВР на Тошковски дозволило да се случи концертот на Аца Лукас

Спасовски: Буџетот за 2026 е насочен кон регионален развој и големи капитални проекти од суштинско значење за општините