Средба Шекеринска – Абароа Каранза

Од:

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска оствари средба со амбасадорот на Кралството Шпанија во Македонија Рамон Абароа Каранза.

На средбата, како што соопшти Министерството за одбрана, Шекеринска истакнала дека новата Влада е посветена на стабилизација на државата и нејзино поставување на вистинската патека кон членство во НАТО и ЕУ.

По промените кои настанаа во нашата земја, како што се наведува, новата влада интензивно работи на реформите како што се: слободата на медиумите, правосудство, соработка со граѓанското општество и особено работи на подобрување на добрососедската политика која е од исклучително значење за целиот регион.

– Ние имаме поинаков пристап кон нашите соседи и сакаме да создадеме позитивна клима во однос на политиката со соседите. Тоа е добро за стабилноста и развој на регионот, нагласила Шекеринска.

Потенцирала дека соработката со Кралството Шпанија е добра, но оти е потребно да се продлабочи.

– Благодарни сме за можноста што Шпанија ја нуди на нашите припадници за обука и едукација на престижните воени школи во Кралството, како и јазичната обука и би сакала да Ви ги понудиме нашите капацитети како армискиот полигон „Криволак“ на кој може да се реализираат заеднички вежби од кои бенефит ќе имаат двете армии, нагласила на средбата министерката Шекеринска.

Амбасадорот Абароа Каранза и посакал успех на министерката Шекеринска на новата позиција. Истакнал дека Шпанија секогаш ја поддржувала Македонија во своите намери да се интегрира во НАТО и ЕУ и се согласил дека е потребно да се интензивира билатералната соработка. Нагласил дека е отворена можноста за обука и едукација на припадници на АРМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Седум последователни земјотреси ја погодија Шпанија: Наредена е масовна евакуација

(ВИДЕО) Силен земјотрес ја погоди Шпанија: Прогласена вонредна состојба, евакуирани граѓани

Предраг Петровиќ

Повеќе од 530 луѓе побарале медицинска помош по затемнувањето на сонцето во Шпанија

Трагедија кај Сеута: Се зголемува бројот на загинати во масовниот обид за премин на границата

Горан Наумовски

Опасен вид хантавирус откриен кај турист во Европа: Итно се следат сите контакти

Запленети се 21 тон дрога со висок квалитет