Средба Попоски – Штајнмаер во Берлин

Од:

 Вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски денеска во Берлин имаше средба со шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер. Централна тема на средбата било одржување на фер и коректни избори кои што се предуслов за продолжување на македонската евроатланска агенда, јавува дописникот на МИА од Берлин.
 
Попоски по средбата изјави дека предходните позитивни извештаи и препораки кои земјата ги доби од ЕУ можат да бидат искористени само со квалитетен изборен процес. 
 
– Најголем интерес во овој момент е посветен на квалитетот на изборниот процес. Тоа ќе биде главниот предуслов за да можеме да се надеваме дека понатаму ќе се капитализираат предходните препораки за отпочнување на процесот на преговори со Република Македонија и за отварање на една појасна европска перспектива. Мислам дека секој разумен човек во овој момент во Македонија треба да се посвети на што е можно попозитивна клима и што е можно поуспешно спроведување на изборниот процес на 11 декември, рече Попоски во изјава за МИА. 
 
Шефот на македонската дипломатија денеска со своите соговорници ја продолжил комуникацијата со меѓународните партнери на Македонија со цел поголемо присуство на странски набљудувачи на изборите кои што ќе треба да го потврдат коректниот изборен процес.
 
– Добри сигнали се што и на денешната средба со Штајнмаер, но и со ОДИХР имаме целосна поддршка за масовна и темелна мисија за набљудување на овој изборен процес. Ние, во меѓувреме, работиме на мобилизирање на што е можно повеќе фактори и во националните парламенти и во европските институции за тоа присуство да биде видливо и, конечно, да биде заверен фактот дека Македонија има капацитет за успешно спроведени  избори, изјави Попоски во Берлин каде што денеска учествува на конференцијата на ОБСЕ организирана од германското Министерство за надворешни работи.

Би можело да ве интересира

МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

МНР апелира да се избегнуваат патувања во Израел и регионот

Македонската амбасадорка итно повикана во бугарското МНР: „Лажни се изјавите на македонските политичари“

Орце Костов

МНР го осуди нападот врз цивилите во Газа: Ова е кршење на меѓународното право

Орце Костов