Средба помеѓу претставници на ВМРО-ДПМНЕ и Европскиот фронт, изразена поддршка за измените на Законот за организација на работата на органите на државната управа

Од:

После претходно одржаните консултации и постигнат договор помеѓу пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и пратеничките групи на коалицијата ВРЕДИ и партијата ЗНАМ во текот на денешниот ден, се одржа средба помеѓу претставници на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и коалицијата Европскиот фронт.

На средбата беа присутни Александар Николоски, Владо Мисајловски, Никола Мицевски и Стефан Андоновски, а од коалицијата Европски Фронт беа присутни Мендух Тачи, Блерим Беџети, Фатон Ахмети, Елми Азири.

На средбата се разговараше за предложените измени на Законот за организација на работата на органите на државната управа при што од страна на ВМРО-ДПМНЕ беа образложени измените на законот којшто треба да донесе поголема ефикасност, транспарентност и реформи, како и рационализација.

Законот е работен со поддршка на меѓународните партнери на државата и е дел од ИПА програмата на Европската Унија.

Претставниците на коалицијата Европски Фронт изразија поддршка за измените на законот и информираа дека ќе гласаат за усвојување на законот.

Во рамки на средбата се разговараше и за меѓусебниот дијалог помеѓу власта и опозицијата при што беше прифатено барањето на коалицијата Европски Фронт во догледно време Собранието да формира ад хок комисија со Претседател предлог на опозицијата, којашто ќе ја следи правичната застапеност на сите етнички заедници во органите на државната управа и за својата работа два пати годишно ќе го информира Собранието, информираа од ВМРо-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Нема голем скандал во Македонија, а трагите на парите да не водат директно во Зајас кај Али Ахмети

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1