Средба Нишани – Ахмети во Тирана

Од:

Албанскиот претседател Бујар Нишани синоќа имал срдба со лидерот на ДУИ Али Ахмети, со кого разговарале околу изборниот процес во Македонија и изборните резултати на политичките партии на Албанците.

Нишани, откако на Ахмети му ја честитал победата на ДУИ, го поздравил ангажирањето и придонесот на сите политички субјекти на Албанците во изборниот процес и процесот на демократизација и интеграција на Македонија.

– Албанија приоритет им дава на добрите меѓусоседски односи и партнерството со Македонија, изјавил Нишани, нагласувајќи го значењето на гаранитрањето на правата на Албанците во Македонија како државотворна компонента и гарант за стабилноста.

Двајцата соговорници искажале идентичен став дека процесот на евроатлантските интегративни процеси се од суштинско значење и претствуваат голем интерес за двете земји, но и регионот во целина.

Претходно, Ахмети се сретна со премиерот Еди Рама, како и со претседателот на Парламентот Илир Мета, за кого стабилноста на Македонија е значајна за Албанија.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански