Средба на жителите од Бардовци со центарот за социјална работа

Од:

Општина Карпош, во соработка со Министерството за труд и социјална политика и Центарот за социјална работа, од денеска, со информативни средби во делови од општина Карпош, како продолжение на Проектот „Отворени денови на социјалната заштита во рурални средини“.

Овој проект има за цел , приближување на социјалната заштита за жителите во руралните средини преку информирање на жителите за условите, начинот и постапката за остварување на правата од социјалната заштита. Во Општина Карпош овој проект започна со реализација во 2013 година, кога беа одржани информативни средби од овој вид, со жителите на Горно и Долно Нерези, Бардовци и Злокуќани.

Првата информативна средба за оваа година беше одржана во Урбаната заедница  во Бардовци, каде што присутните жители поставуваа прашања околу остварување на правото на социјална парична помош, помош и нега од друго лице,правото на постојана парична помош и сл.На оваа средба присуствуваше претставник од Центарот за социјална работа-Подрачна единица Карпош и од Одделението за детска,социјална и здравствена заштита при  Општина Карпош. Следна локација на која што ќе биде одржана ваква средба е на 22.10.2014 година во Горно Нерези.

 

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Јакимовски мора да биде минато во Kарпош, потребна е промена за крај на бетонизацијата

Јакимовски: Субвенција за секој граѓанин кој ќе набави возило на електричен погон

Јакимовски: Карпош не се купува со лаги – се брани со работа, резултати и достоинство

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец

Вистинскиот избор за Карпош е Сотир Лукровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе ја направам општина Карпош најчисто и најуредно место во Скопје