Средба на Заев со раководството на Општинската Организација на СДСМ од Прилеп

Од:

„Вчеравечер во присуство на Претседателот на СДСМ, Зоран Заев се одржа работен состанок на раководството на прилепската Општинска Организација на СДСМ на кој беа разгледани моменталните и идните чекори за вонинституционално опозициско делување на партијата.

На состанокот беа дискутирани деталите на 5-те клучни барања на СДСМ за надминување на политичката криза во државата. Тоа се одвојување на партијата од државата, регулација на медиумите и правична застапеност на опозицијата на МРТВ и останатитет медиуми, јасно прецизирање на Избирачкиот список и изборното законодавство и спроведување попис, а посебен акцент беше ставено на клучното барање за формирање на техничка Влада, која ќе гарантира организирање на слободни и фер избори во државата.

zaev-sdsm-prilep (2)

Во контекст на тоа беше потврден заклучокот, дека без договор за техничка Влада нема започнување разговори со ВМРО-ДПМНЕ за останатите теми што СДСМ јавно ги презентираше.

Присутните констатираа дека членството и поддржувачите во Прилеп се единствени и даваат целосна поддршка до Претседателот Заев и раководството на СДСМ да се продолжи стратегијата на партиско делување надвор од институциите, како единствен начин за враќање на демократијата во Република Македонија.

Истовремено беше истакната неопходноста за изградба на систем од опозициски институции, кои ќе бидат слободарски пандан на режимската влада на ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага