Средба на Заев со коалицијата за првите чекори по промените

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од генералниот секретар Оливер Спасовски попладнето се сретна со партнерите од коалицијата.

Упатени се честитки и поддршка на претседателот Заев за упорноста, храброста и мудроста со којашто тој го водеше целиот процес околу организирањето и спроведувањето на парламентарните избори коишто донесоа промени во Македонија.

Партнерите се согласни дека на изборите победи концептот на заедништво, наспроти концептот на поделби, бидејки над 600.000 граѓани дадоа поддршка за живот, против режимот.

Констатирано е дека демократските промени во Македонија веќе се случуваат. Македонија ќе добие Влада што ќе работи во интерес на сите граѓани во државата.

Се разговараше и за реализацијата на првите приоритети што ќе донесат добар живот за граѓаните, како и за реализацијата на реформските приоритети од Извештајот на Прибе што ќе ги отворат перспективите на Македонија кон светот.

На средбата стана збор и за отворање можности за коалицирање со цел формирање стабилна Влада на сите граѓани на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он