Средба на Заев со германскиот пратеник Хакверди: Да се реши на достоинствено ниво спорот за името

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија денеска се сретна со Метин Хакверди, пратеник во германскиот Бундесаг.

На средбата, пратеникот Хакверди пренесе силна поддршка да се продолжи со процесот на заокружување на решението за спорот што ги кочи евро-атлантските интеграции на Македонија. Во германскиот Бундестаг и кај претставниците на СПД има поддршка за Македонија да продолжи на евроинтегративниот пат.

Премиерот Заев се заблагодари на големата поддршка од Република Германија, од Бундестагот, од СПД, во процесот на остварување на стратешките цели на нашата држава, вклучително и за разговорите што се водат со Грција.

-Евро-атлантските интеграции ќе донесат добро за граѓаните на мојата земја, но и за Република Македонија. Насочени сме кон формулации што на достоинствено ниво ќе ги штитат интересите на двете држави. Ако опстоиме на досега изразената политичка волја, решение е можно, оцени премиерот Заев.

На средбата беше заклучено дека евро-атлантските интеграции на Македонија ќе значат и нови работни места и развој на државата во целост. На состанокот посебно беше нагласена важноста од владеењето на правото и правната држава, што ќе отвори пат за ефикасно справување со корупцијата во иднина, бидејќи е порака дека секој граѓанин се почитува од системот, но истовремено е секој еднаков пред правдата.

Би можело да ве интересира

„Ди Велт“: Зеленски влегува во 2026 без конкретна мировна понуда

Грабеж на векот во Германија: Украдени 90 милиони евра од банкарски сефови

Голем грабеж во Германија: Според првичните проценки, украдени се над 30 милиони евра

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ

АфД е обвинета за собирање податоци за Русите

Германец со години ја дрогираше и силуваше сопругата – доби осум ипол години затвор

А1он