Средба на врвот на СДСМ со Томас Јаздгерди

Од:

Претседателот на СДСМ Зоран Заев и заменик претседателката Радмила Шекеринска, денеска остварија средба со директорот во Стејт департментот за јужна и централна Европа, Томас Јаздгерди.

На средбата се разговараше за актуелната политичка ситуација во Македонија и регионот.

Заеднички беше споделена загриженост за назадувањето на демократските процеси во државата.

Претседателот Заев истакна дека партијата на власт ги узурпира сите државни институции. Нема разлика помеѓу партијата и државата. Слободната волја на граѓаните е загрозена а критички настроените медиуми се се под огромен притисок на власта или затворени. Затоа СДСМ во континуитет укажува дека 5-те теми за преговори упатени до власта имаат цел да создадат елементарни услови за слободно изразување на волјата на граѓаните.

Јаздгерди се интересираше за позицијата и предизвиците со кои се соочува Македонија на патот кон евро – интеграциите во однос на земјите од регионот.

Македонија денес го губи чекорот со соседите. Девет години владејачката партија не успеа да направи ниту еден чекор напред за целта којашто не обединува сите, нагласи заменик претседателката Шекеринска.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он