Средба на вицепремиерот Османи со генералниот директор за европска соработка од холандското МНР

Од:

Како основач на ЕУ и силен поддржувач на проширувањето, ја цениме вашата континуирана поддршка во нашите напори да започнеме преговори со ЕУ, особено во рамки на структурите на ЕУ, во Советот и неговите органи и во Европскиот парламент, истакнал вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи на средбата со Тис ван дер Плас, генерален директор за европска соработка при Министерството за надворешни работи на Холандија.

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања (СЕП), Османи и Ван дер Плас на средбата разговарале за тековната билатерална соработка меѓу двете земји, реализираните успешни проекти и областите на унапредување на соработката бидејќи, како што посочува СЕП, Холандија е еден од најголемите донатори на земјава повеќе години, стабилен поддржувач и партнер на Македонија во евроатлантските аспирации.

– Вицепремиерот Османи го истакна значењето на директната билатерална поддршка, наведувајќи ги притоа изградбата на институциите, поддршката за инфраструктурни проекти, поддршката за финансирање мали бизниси и стартапи итн., како сегменти во кои успешно е таргетирана поддршката од Холандија. Османи побара и продолжување на холандската поддршка, како таргетирана помош, со цел да се помогне на земјава во нејзините стратешките определби – интеграција во ЕУ и НАТО, информира СЕП.

Османи на средбата го запознал Ван дер Плас и со текот на имплементацијата на мерките од Планот 3-6-9, унапредената соработка со земји од соседството за што најдобар пример, наведува СЕП, е затворањето на отворените прашања преку договорот за добрососедство со Бугарија, како и новиот позитивен политички импулс кој се создаде со посетата на министерот Коѕиас во Македонија.

Османи додал дека полека се затвораат и нереализираните обврски од Охридскиот рамковен договор со донесувањето на Законот за јазиците, со што се отстрануваат сите пречки на патот на нашите евроатлантски интеграции.

– Во таа смисла, наскоро очекуваме и конкретни чекори од страна на нашите меѓународни партнери, како во затворањето на прашањето за НАТО, така и во смисла на остварување значаен исчекор за нашите европски интеграции, истакнал Османи.

Би можело да ве интересира

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина

Милошоски: ЕУ земји донеле одлука да ги признават пасошите до септември, Османи ја криел одлуката

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Заложничка криза во бар во Холандија: Ослободени тројца заложници

Орце Костов