Средба на Вицепремиерот Османи со амбасадорите од земјите на Западен Балкан

Од:

Денес, во просториите на Секретаријатот за европски прашања, Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, одржа работен појадок со амбасадорите и нивните претставници, на земјите од Западен Балкан. На средбата, присуствуваа претставниците од Република Албанија, Босна и Херцеговина, Република Косово, Република Црна Гора и Република Србија.

Оваа иницијатива на Вицепремиерот Османи, за редовна координација на земјите од Западниот Балкан во интерес на европската перспектива, беше поздравена од страна на сите претставници, кои изразија задоволство и надеж дека истата ќе прерасне во редовна комуникација и координација, со цел, поуспешно адресирање на заедничките интереси на земјите во насока на забрзана европска интеграција на регионот.

На средбата се разговараше за регионалната соработка на земјите од Западниот Балкан, што претставува и еден од условите за напредок во евроинтегративниот процес. „Регионалната соработка, покрај големото значење за европските перспективи, значи и зголемена економска, културна и општествена размена, што, пак, самото по себе претставува важна придобивка за граѓаните на нашите земји.“ – истакна Османи. Тој додаде дека од заедничкиот интерес е и соработката во рамките на Берлинскиот процес, која претставува значајна иницијатива за регионално инфраструктурно и економско поврзување на земјите од Западниот Балкан, како важни одредници за европските перспективи на земјите.

На средбата се разменија искуства и мислења за начините на кои може да се зголемат капацитетите на земјите за поголема апсорпциона моќ за искористување на ИПА средствата, како и евентуалните последици врз ИПА фондовите со намалувањето на буџетот на Европската Унија по завршувањето на процедурата БРЕГЗИТ. Учесниците изразија подготвеност за меѓусебна соработка во насока на подигање на гласот за отстранување на заканите за намалување на фондовите за земјите аспиранти за влез во Унијата, со цел зачувување на фокусот кон евроинтеграциите во овие земји.

Средбата претставува прва, од серијата предвидени редовни координативни состаноци со амбасадори на земјите од Западен Балкан, која е наменета за размената на информации од заеднички интерес

Би можело да ве интересира

Меџити потврди: Најверојатно ќе бидам кандидат на ВРЕДИ за Чаир

Муцунски: Османи беше дел од власт во која Македонците беа малцинство и тоа не му пречеше

Вреди: ДУИ не кажа зошто Бујар Османи одржал 11 средби со српскиот шеф на дипломатијата

Кос: Нема да бидеме безбедни сè додека земјите од Западен Балкан не бидат во ЕУ

ВРЕДИ: Бујар Османи одржал 11 состаноци во Белград, 0 во Косово

Османи: Со секојдневна работа и професионален пристап можеме да го промениме Чаир – да го вратиме достоинството

А1он