Средба на Шекеринска со македонските мировници

Од:

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска во Касарната „Илинден“ – Скопје, имаше средба со припадниците на Армијата на Република Македонија кои беа дел од последната ротација во мисиите „Одлучна поддршка“ – Авганистан и „Алтеа“ – Босна и Херцеговина.

Како што соопштија од Министерството за одбрана, Шекеринска им се заблагодарила и им порачала дека тие се препознатливи со нивното присуство во мисиите и дека се амбасадори на државата.

Министерката им ги пренела пофалните зборови упатени кон мировниците на Македонија при неодамнешната посета на Брисел и нагласила дека определбата на оваа Влада е да се врати ентузијазмот, вниманието и реформите високо на агендата. Таа побарала да ги слушне сугестиите од мировниците, дали нешто им недостига во поглед на опрема и подготовки.

Припадниците на АРМ ги истакнале позитивните впечатоци, пофалби и признанија со кои се стекнале за време на овие мисии, токму поради нивната подготвеност и професионалност.

На средба се разговарало и за начинот на пренесување на искуствата стекнати од мировните мисии на идните мировници, подобрување на одредени сегменти во процесот на упатување во мисија, опремување со соодветна опрема…

Би можело да ве интересира

„Политико“: Шекеринска и Габриел кандидатки за заменички на генералниот секретар на НАТО

Горан Наумовски

Елфет Исмаили нова заменик министерка за одбрана

МО: Насковски уште во мај 2023 година е разрешен од функцијата претседател на синдикалната организација НСПВ

НСПВ: Министерството за одбрана ја сопре членарината на синдикатот и на тој начин го оневозможува синдикалното делување

Горан Наумовски

Петровска со иницијатива за подигање спомен обележје во Тетово за загинатите во масакрот кај Вејце

Ана Ололовска

Петровска: Речиси 90 милиони евра за воена опрема, учеството во странски мисии ќе чини над 10 милиони евра

A1on