Во Автокоманда, ИНТЕГРА и Коалицијата ХРАБРО ЗА МАКЕДОНИЈА имаа средба со поголема група на пензионери. Притоа се оствари силна интеракција за актуелниот политички момент.
Претседателот на ИНТЕГРА и носител во ИЕ2 на Коалицијата Храбро за Македонија, Љупчо Ристовски ја образложи пензиската изборна платформа и сподели бројни идеи за подобрување на квалитетот на животот на секој пензионер.
Пред се се осврна на планот за социјалната мерка која ја предлага до 24.000 ден по пензионерско семејство. Тој се заложи за помош на сите ранливи категории како што се пензионерите чии примања се пониски од 24.000 денари, како и за сопирање на брзо растечката сиромаштија со мерки и инструменти на политики за нов економски и финансиски циклус.