Средба на раководството на СДСМ со Соња Локар

Од:

Средба на претседателот на СДСМ, Зоран Заев со Соња Локар, извршен директор на мрежата на Централно европската иницијатива за родови прашања

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, заменик претседателката Радмила Шекеринска и претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Цветанка Ласкова, денеска остварија средба со Соња Локар, извршен директор на мрежата на Централно европската иницијатива за родови прашања.

На средбата за разменија мислења за политичката состојба во земјава и регионот.

Родовата еднаквост, вклученоста на жените во активниот политички живот и едукацијата на жените се правци во кои треба да работи Македонија како земја која претендира да стане дел од Европската заедница, истакна Локар.

Претседателот на СДСМ Зоран Заев посочи дека вклученоста на жените во партиските активности на Социјалдемократскиот сојуз изнесува 40 % и дека нивната улога е важна во носењето на одлуките и креирањето на политиките на партијата.

Заеднички беше констатирано дека проблемите со кои се соочува земјата, големиот процент на сиромаштија, иселувањето на младите, и големиот процент на невработеност директно ги засегаат жените и затоа нивната вклученост во политиката е неопходна за нивно решавање.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата