Средба на раководството на СДСМ со амбасадорките на Белгија, Германија и на Франција

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од заменик претседателката Радмила Шекеринска и од генералниот секретар Оливер Спасовски денеска имаше средба со амбасадорките на Кралството Белгија Аник Ван Кастлер, на Република Германија Кристине Алтхаузер и на Република Франција Лоренс Оер.

Тема на разговорт беа очекувањата за можно придвижување на разговорите помеѓу политичките субјекти кон преговарачки процес за специфичната политичка клима и длабоката политичка криза во Република Македонија.

-Преодна влада е решение за актуелната ситуација во Македонија, а со тоа и за проблемите на коишто во повеќе извештаи наназад укажуваат Европската Комисија, ОБСЕ/ОДИХР и други меѓународни институции и организации. Тие напластени проблеми, посебно партизацијата на државниот систем и контролата на судството и на медиумите од страна на актуелната власт, ја кулминираат кризата. Единствено решение за нормализација државата е влада во којашто нема да учествуваат директните креатори на кризата, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Амбасадорите изразија загриженост за состојбите во Македонија.

На средбата е нагласена потребата од кредибилни институции во интерес на граѓаните и на евро-атлантската перспектива на Македонија како и од политики во насока на државна и регионална стабилност.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски