Средба на претседателот Пендаровски со министрите за надворешни работи од форматот Славков

Од:

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими министрите за надворешни работи на Република Австрија, Чешката Република и Словачката Република – Александер Шаленберг, Јан Липавски и Мирослав Влаховски, претставници на трилатералната иницијатива формат Славков информираат од Кабинетот.

На средбата се разговарало за аспирациите на земјава за членство во Европската Унија, состојбите во регионот на Западен Балкан, како и за состојбите во поширокиот регион, во контекст на руската агресија врз Украина.

Пендаровски се заблагодарил за постојаната поддршка земјите од форматот Славков по однос на македонските аспирации за членство во Европската Унија и во тој контекст биле разменети мислења за текот на билатералниот скрининг, како и за потребата од измени на уставот што произлегуваат од Преговарачката рамка со ЕУ.

На средбата се разговарало за актуелните состојби на Западен Балкан, при што претседателот Пендаровски истакнал дека европската перспектива е еден од важните предуслови за севкупната стабилност, безбедност и демократски развој на регионот. Во таа насока Пендаровски посочил на потребата ЕУ да го задржи фокусот кон регионот, истакнувајќи дека во време на сериозни безбедносни предизвици на европско тло, повеќе од било кога е важно на проширувањето да не се гледа само како на техничка процедура, туку и како на важна геополитичка алатка на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Пендаровски се откажа од државна пензија, ќе има канцелартија со тројца вработени

Катерина Ѓуровски

Пендаровски ѝ ја честита изборната победа на Сиљановска-Давкова и ѝ посака успех на претседателската функција

Сиљановска-Давкова ја презеде претседателската функција од Стево Пендаровски

Официјална церемонија на примопредавање на претседателската функцијата

Сиљановска води повеќе од двојно пред Пендаровски, покажуваат бројките на ВМРО-ДПМНЕ

Пендаровски: Мицкоски е политички наследник на Ванчо Михајлов