Мицкоски на средба со Џозеф Дол во рамки на ЕПП

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во рамките на самитот на Европската народна партија оствари средба со Џозеф Дол, претседателот на ЕПП.

На состанокот Мицкоски го информираше претседателот на Европската Народна Партија, господинот Дол, за актуелните случувања во Република Македонија, за тешката економска ситуација во која што се наоѓа нашата земја, за негативните резултати кои што ги постигнува нашата земја, за отсуството на реформи.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја пренесе својата загриженост за лошиот правец во кој се движи државата на економски и политички план. Слабеењето на економскиот стандард, политичкиот терор како и поделбите во општеството ги уназадуваат демократските капацитети на државата. Имаме една година на исклучително лошо владеење во кое граѓаните живеат полошо и ситуацијата е без изгледа за подобрување.

Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ планира и голем протестен собир на кој ќе се изрази револт од катастрофалното владеење, но и ќе биде преставена понуда и решенија за излез од ваквата состојба, но очекуваме и недвосмилена поддршка од сестринските партии и Европската народна партија, посочи на средбата претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Претседателот Мицкоски ја потенцираше улогата на ВМРО-ДПМНЕ во процесот на креирање на реформските закони, каде што ВМРО-ДПМНЕ влијаеше на подобрување на тие законски решенија, а раководејќи се од интересот на граѓаните и запазувајќија европската перспектива на државата.

Од страна на претседателот на Европската народна партија, Џозеф Дол беше поздравена и недвосмислено беше искажана поддршка за политиките на ВМРО-ДПМНЕ во Македонија.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче