Аренс: Македонија има проблем со организирање фер и демократски избори

Од:

Македонија има сериозен предизвик со организирање на фер и демократски избори, а проблемите се повторуваат постојано, беше констатацијата на средбата помеѓу претседателот на СДСМ, Зоран Заев и делегацијата на ОБСЕ/ОДИХР, предводена од амбасадорот Герт Хинрих Аренс, шеф на набљудувачката мисија за локалните избори 2013 година.

На средбата се разговараше за нецелосната имплементација на препораките на ОБСЕ/ОДИХР во Изборниот Законик, а се осврна внимание и на нерегуларностите на локалните избори, особено на увезените гласачи од Пустец, заплашување на гласачите, злоупотреба на државни институции и сл.

Амбасадорот Аренс истакна дека најважна е политичката волја од сите политички субјекти во земјава да се следат и целосно да се имплементираат препораките на ОБСЕ/ОДИХР и дека за добивање добра правна рамка за Изборниот Законик од суштинска важност е сите препораки да бидат имплементирани.

Членовите на делегацијата на ОБСЕ/ОДИХР нагласија дека мора да постои јасна поделба помеѓу ингеренциите на партијата на власт и државните институции, бидејќи само така може да се отстранат можностите за злоупотреба на власта. Делегацијата на СДСМ истакна дека нема приоритетни препораки, туку дека сите препораки претставуваат приоритети.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски