Средба на претседателката на бугарскиот Парламент Митева со македонскиот главен државен ревизор Ацевски

Од:

Државниот ревизор на Република Северна Македонија Максим Ацевски денеска во Софија имаше средба со претседателката на бугарскиот Парламент Ива Митева, соопшти прес -центарот на Народното собрание на Бугарија.

Дописникот на МИА од Софија, информираше дека дека главниот државен ревизор е во посета на Бугарија во рамки на проектот „Подобрување на надворешната ревизија и парламентарната контрола“, во којшто партнер е Бугарската национална канцеларија за ревизија.

На средбата присуствувал и претседателот на Националната канцеларија за ревизија на Бугарија Цветан Цветков.

Како што се наведува во соопштението од Народното собрание на Бугарија, Ацевски ја информирал Митева за проектот, финансиран од ЕУ, истакнувајќи дека неговата цел е да ја подобри надворешната ревизија во Северна Македонија и нејзината ефикасност.

Митева, како што стои, нагласила дека бугарскиот модел на врховна ревизорска институција е уникатен за ЕУ.

Таа посочила дека првично имало 11 члена на Судот на ревизори, но потоа нивниот број бил намален поради законските измени, додавајќи дека сега неговиот состав вклучува претставници номинирани од Институтот за внатрешни ревизори во Бугарија и Институтот за овластени сметководители.

– Транспарентноста за трошењето на јавните средства е клучен елемент за зголемување на довербата на граѓаните во државните институции, изјави Митева.

Таа навела дека досега ревизиите на Бугарската национална канцеларија за ревизија не биле секогаш разгледувани од страна на Националното собрание, што е, како што посочи, пропуст и треба да се смени.

Би можело да ве интересира

Вонредна состојба во југозападна Бугарија: Поројни дождови ги поплавија населбите

(ВИДЕО) Иран: Немаме проблем со Бугарите, но имаме право да го нападнеме изворот на агресијата против нас

Крум Ефремов ќе биде македонски амбасадор во Софија

Катерина Ѓуровски

Украина: Не го насочивме дронот кон Бугарија

Паника во Бугарија: Тешко вооружен дрон експлодира на бугарска територија

ВИДЕО: Брод со 238 луѓе се насука на Дунав поради многу ниско ниво на водата