Средба на претседателите на Либералната партија и Движењето Беса, Величковски и Касами

Од:

„Денес во Скопје претседателот на Либералната партија, Ивон Величковски, се сретна со претседателот на Движењето Беса, Биљал Касами.

На средбата беше разговарано за тековната политичка состојба, преговорите за медиумската регулација и прочистувањето на избирачкиот список и беа разменети погледи за претстојните вонредни парламентарни избори.

Притоа, беше заклучено дека соработката на партиите без оглед на нивниот предзнак ќе биде огромно значење за избор на нова влада што ќе ги смени досегашните практики кои ја воведоа земјата во најтешката криза по 2001 година.

Средбата беше искористена и за запознавање со Платформата за Македонија каква што ни треба и ја сакаме. Соговорниците се согласија дека текстот претставува солидна основа за лоцирање на основните принципи пред граѓаните на Република Македонија, кои по изборите ќе треба да ги решаваат сите политички сили“, се вели во соопштението на Либералната партија.

Би можело да ве интересира

Седат Сулејмани избран за шеф на изборниот штаб на „Беса“ и коалицијата „Вреди“

Горан Наумовски

Сејдиу: Техничкиот ги навредува работниците, кабадаии во Собрание, кабадаии во Влада, кабадаии во полиција

Горан Наумовски

Беса: На средбата во Приштина со Курти и Конјуфца, присутните лидери ја посочија и идејата за претседател Албанец

Движење БЕСА: ДУИ, СДСМ криминалот и корупцијата се при крај

Горан Наумовски

Движење БЕСА: Криминалците на ДУИ се заменуваат со криминалци на Ахмети

Горан Наумовски

БЕСА: ДУИ да не ја штити платата на Беким Незири од 3000 евра, туку и да го исклучи од партијата