Средба на премиерот Заев со израелска бизнис делегација

Од:

Создадени се услови за унапредување и развој на соработката на полето на економијата меѓу Република Македонија и Државата Израел, оценето е на средбата вечерва во Владата на премиерот Зоран Заев со израелска бизнис делегација, којашто ја предводи поранешниот висок функционер во Владата на Израел, Силван Шалом.

Како што соопшти владината прес-служба, тема на разговорот беше можноста за инвестиции во Македонија. Изразен е интерес од страна на израелските бизнисмени за инвестирање во нашата држава. Констатирано е дека се создадени услови за унапредување и развој на соработката на полето на економијата, по демократските промени што се случија во Македонија.

– Владата на Република Македонија води политики на отворени можности за граѓаните и за Македонија. Преку реформскиот процес за којшто се определивме, ја градиме Македонија во стабилна, правна држава, во којашто законите ќе важат подеднакво за сите и ќе ја штитат правдата, без разлика дали станува збор за граѓани или правни субјекти, компании, претпријатија кои работат во земјава. Нашата цел е да ја осигураме егзистенцијата на граѓаните, но исто така да обезбедиме клима на сигурност кај сегашните и потенцијалните домашни и странски инвеститори, коишто можат значително да придонесат во потребниот економски развој на нашата држава, рече премиерот Заев.

Израелската бизнис делегација е во Македонија со цел да ги разгледа условите и придобивките од Прграмата на новата Влада за инвестирање во земјава, како и областите во коишто има потреба и простор за тоа.

Како што стои во соопштението, со бизнисмените од Израел е поранешниот вицепремиер на Израел и поранешен министер за внатрешни работи, Силван Шалом, кој е во државава како пријател на Република Македонија, кој сака да и помогне на Македонија во поттикот на странски инвестиции и економскиот развој.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Без техничка влада не може да има праведни избори

А1он

(ВИДЕО) Лукаревска: Се најавува кредит од дури 6 милијарди евра, Владата ги турка граѓаните во должничко ропство

А1он

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски