Средба на потпретседателот Дескоска со претставници од Социјалдемократската младина на Финска

Од:

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија Рената Дескоска денеска оствари средба со претставници од Социјалдемократската младина на Финска.

На средбата, соопшти собраниската прес-служба, Дескоска ги запозна гостите со составот и со работата на Парламентот.

Гостите од Финска изразија посебен интерес околу подготовките за претстојните избори, при што поставија повеќе прашања за спроведувањето на договорот од Пржино.

– Од страна Дескоска гостите беа запознати со потребните реформи во изборното законодавство и од потребата за прочистување на избирачкиот список, како и со нужноста од подобрување на состојбата во медиумите, се наведува во соопштението.

На крајот од средбата е констатирано дека реформите во изборната и медиумската сфера се нужен предизвик за фер и демократски избори.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски