Средба на Попоски со делегација од германскиот Бундестаг

Од:

Вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски денеска оствари средба со претставници на парламентарната Комисија за избори, имунитет и деловничко уредување на германскиот Бундестаг, која престојува во дводневна работна посета на Република Македонија.

Министерството за надворени работи соопшти дека на средбата со германските пратеници се разговарало за актуелните внатрешно-политички состојби во Македонија, економските врски помеѓу двете држави, како и за соработката за македонската интеграција во Европската унија.

– Беше нотирана принципиелната поддршка на С.Р. Германија за евроинтеграцискиот процес на нашата земја, како и посветеноста кон исполнувањето на реформите за членството во ЕУ и НАТО. Воедно, беше поздравена и досегашната улога и поддршката од Бундестагот, се вели во соопштението.

– Потребна е зголемената извесност за интегрирање во ЕУ ако сакаме мир и стабилност и во регионот и во ЕУ, истакнал Попоски. Тој, стои во соопштението, потенцира дека интеграцијата на Македонија е дотолку важна за земјата што по влезот во ЕУ, историјата би се делела на пред и по членството во Унијата.

Од пратениците е изразена благодарност за клучната улога што Македонија ја имаше во менаџирањето на мигрантската криза и спречувањето на илегалната миграција.

Би можело да ве интересира

Oсудa за опожарувањето на возилата во сопственост на Амбасадата на Бугарија

МНР на бугарскиот амбасадор Радуков му упати усен демарш поради употреба на терминот „северно-македонски“

Горан Наумовски

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток