Средба на партнерите од коалицијата „Можеме“: Беса го добива ресорот Земјоделство

Од:

Движењето БЕСА ќе раководи со ресорот Земјоделство, но кој ќе биде министер ќе се знае по вечерашниот состанок на Централниот совет на партијата.

Ова го соопшти претседателот на БЕСА, Билал Касами по состанокот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев со првите луѓе на останатите партии од коалицијата „Можеме“, што се одржа попладнево во седиштето на Социјалдемократскиот сојуз.

Како што изјави Касами, БЕСА ќе биде дел и од другите ешалони на власта и ќе добие заменици министри и директори на институции.

– Движењето БЕСА ќе има важна улога во владејачкото мнозинство. Ќе раководиме со ресорот земјоделство и сигурно во другите ешалони на власта ќе имаме важна улога, во делот на замениците министри и дирекрори на важни институции. Ова ќе биде придобивка за сите граѓани независно од нивната партиска или друга припадност. Сите функционери на БЕСА ќе бидат во нивна служба, рече Касами.

Тој најави дека во 19 часот вечерва ќе се одржи состанок на Централниот совет на партијата, на кој, меѓу другото, ќе се одлучи и кој ќе биде министер за земјоделство.

– Се уште не би можел да кажам кој ќе биде министер. По седницата на Централниот совет ќе ја имаме и таа информација, дополни Касами.

Претседателот на ПЦЕР, пак, Самка Ибраимовски, рече дека со составот на новата влада неговата партија ќе го изгуби и тоа што го имаше.

– Тоа што го имавме го губиме – министерот без ресор за имплементација и стратегија на Ромите. Каде што беше појдовна точка не добивме доволен број гласови. Според принципот на новата влада, ако влезе женско, треба да влезе женско од листата зашто во членот на Изборниот законик треба да влезе 11-тата, а не деветиот, Козаров. Не знам која комбинација би се направила за јас да станам пратеник или Козаров, изјави Ибраимовски по состанокот во СДСМ.

Околу средбата со партнерите од коалицијата, СДСМ соопшти дека „од страна на коалициските партнери беше дадена целосна поддршка за Договорот за коалицирање со партијата ДУИ, како и вредностите и принципите кои произлегуваат од него, во насока на брза трансформација на државата“.

Во 20 часот вечерва треба да почне седницата на Централниот одбор на СДСМ на која, како што потврди и партиската портпаролка Богданка Кузеска, ќе се донесат одлуките за кадровските решенија.

Во 18 часот, пак, почна состанокот на Централното раководство на ДУИ во Тетово и се уште е во тек, на кој исто така се очекува да бидат утврдени функционерските позиции.

Би можело да ве интересира

Филипче: Да градиме мостови на разбирање и соработка

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за зголемување на платите на пожарникарите

Горан Наумовски

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ нуди план во три точки за да се реши кризата во Скопје