ВИДЕО: Средба на Орав со Ахмети и Тачи

Од:

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети и на ДПА, Мендух Тачи денеска имаа средба со евроамбасадорот Аиво Орав.

Во соопштението од ДУИ, се наведува дека Ахмети и Орав во Мала Речица разговарале за исполнување на европската рамка усвоена на декемврискиот самит на ЕУ, со која е предвидено да се реши на прашањето за името, градењето на добрососедски односи и исполнувањето на реформите, барани од Европската Унија.

Орав и Ахмети разговарале и за слободата на медиумите, како и за формирање на анкетната комисија за настаните од 24 декември.

Соред сопштението лидерот на ДУИ изразил убедување дека клучот за сите отворени прашања, како внатрешни, така и надворешни, останува решавањето на спорот со Грција, околу името на земјата.

Ако ова прашање се затвори, се отвараат вратите за евроатлантската перспектива на Македонија, како и се создаваат услови за исполнување на сите стандарди. Но, до самитот на Европската Унија во јуни, меѓународната заедница и домашните авторитети треба да се концентрираат кон напредок во решавањето на прашањето со името, стои во соопштението на ДУИ.

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи во централното седиште на партијата се сретна со Аиво Орав.

На средбата се разговарало за локалните избори, интеграцискиот процес и други теми од заеднички интерес.

Претседателот на ДПА го повтори ставот дека локалните избори беа најнедемократските избори во последните 20 години. Купувањето гласови, манипулациите и фалсификувањето во гласачките совети и општинските комисии, злоупотребата на државните институции, медиумската цензура, заканите и дејствувањето на криминалните групи на ДУИ, го карактеризираат овој изборен циклус, велат во соопштението, ДПА.

Во врска со интеграцискиот процес, лидерот на ДПА, го изнесе ставот дека Владата не покажува сериозен интерес за деблокирање на процесот и дека нивните залагања се само површински.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН до ДУИ: Јавноста заслужува одговори за вашите финансиски врски со Србија

ДУИ предупредува: Забраната за полагање правосуден испит на албански е спротивна на Законот

Андоновска: Законите во ИЈЗ ќе продолжат доследно да се почитуваат и да важат подеднакво за сите

А1он

Милановиќ: ЕУ не е држава, а нејзина надворешна политика не постои

А1он

Хоџа: Непочитувањето на Законот за употреба на јазиците прераснува во загрижувачки тренд во државните институции

Горан Наумовски

Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан претставува стратешка инвестиција во мирот

А1он