Пет новоизбрани дописни членови на Македонската академија на науките и уметностите денеска ќе имаат средба со нејзиниот претседател, академик Владо Камбовски.
Нови дописни членови на МАНУ се: Марјан Марковиќ, Драги Ѓорѓиев, Изет Зекири, Александар Димовски и Сашко Кедев. Тие беа избрани на 18. Изборно собрание на Академијата на 17 јуни 2015.