Средба на НАкС со Адеми за платите во високото образование и науката

Од:

Независниот академски синдикат (НАкС) соопшти дека негови претставници вчера имале средба со министерот за образование и наука Арбер Адеми, на која изразиле несогласување со зголемување од пет проценти на платите во високото образование и науката од страна на Владата предвидено за септември оваа година.

-НАкС смета дека предвидените 5 отсто, и тоа од септември 2019, ни оддалеку нема да го ублажи растечкото незадоволство на вработените ниту, пак, ќе го реши проблемот со неатрактивноста за младите кадри, како и одливот на постоечките квалитетни кадри од овој исклучително значаен сектор за развој на општеството во целина, наведува НАкС во соопштение.

Од Адеми побарале висината на платите да се пресметува согласно минималната плата во Република Македонија помножена со соодветен коефициент за секое звање, а коефициентот за звањето редовен професор да изнесува најмалку 5; интервентно покачување на платите во висина од 20 проценти, за што на министерот му понудиле проекција на буџетското зафаќање; алтернативен, скалест модел на пресметка на буџетските издвојувања за платите на вработените во високото образование и науката. Според НАкС, доколку ваквиот модел се спроведе во вид на системска промена, на подолг рок би се анулирала неправедната нееднаквост на платите, без прекумерни буџетски импликации.

На средбата со ресорниот министер тие изразиле подготвеност да понудат соработка и стручна помош при изнаоѓањето модуси за решавање на прашањето за покачување на платите во високото образование.

Би можело да ве интересира

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски

МОН со препорака за скратени часови и со насоки за заштита на учениците од високите температури

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови