Средба на началникот на ГШ на АРМ, Котески со новото воено аташе на Грција, Арабатзис

Од:

Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески денеска оствари средба со новото одбранбено аташе на Република Грција акредитиран во Република Македонија, полковникот Николаос Арабатзис.

На средбата присуствуваше и досегашниот одбранбен аташе на Република Грција во Република Македонија, полковникот Христос Поулијанитис.

Генералот Котески, соопшти МО, му се заблагодарил на полковникот Поулијанитис за неговата работа и стручен ангажман, како соодветен придонес во билатералната соработка помеѓу АРМ и Вооружените сили на Република Грција. Должноста Одбранбено аташе на Република Грција во Република Македонија, полковникот Христос Поулијанитис ја извршуваше во изминатите две години.

Началникот на ГШ на АРМ на полковникот Арабатзис му посака срдечно добредојде во Република Македонија и продолжување на соработката помеѓу двете армии.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он