Средба на министерот за одбрана Џафери со рускиот амбасадор Шчербак

Од:

Пријателските односи помеѓу Република Македонија и Руската Федерација и начините за унапредување на соработката биле теми на денешната средба на министерот за одбрана Талат Џафери и рускиот амбасадор во Република Македонија Олег Николаевич Шчербак во Министерството за одбрана, на која присуствувал и рускиот воен аташе, капетан Евгениј Шитов.

– Министерот Џафери посочи повеќе области од одбраната и безбедноста во кои постои простор за поблиска соработка, како обуката во доменот на одржувањето воена опрема од руско производство, воената едукација, учеството на заеднички воени вежби, користењето на тренинг-центарот „Криволак“ и на регионалниот центар за односи со јавноста. Амбасадорот Шчербак, пак, се заблагодари за средбата и за можноста да се разменат мислења и идеи за соработка во одбраната и безбедноста, информира Министерството за одбрана.

Република Македонија и Руската Федерација од 1997 година имаат Спогодба за соработка во воената област.

Би можело да ве интересира

Професионалните војници по 45 години ќе можат да останат во Армијата со договор на неопределено време

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд