Средба на министерот за локална самоуправа со градоначалникот на Скопје

Од:

Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу оствари средба со градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов. На состанокот се разговараше за функционалноста на градот Скопје и споделувањето на надлежностите со десетте скопски општини, во рамките на Законот за градот Скопје.

Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу истакна дека надлежно за имплементацијата на Законот за градот Скопје е Министерството за локална самоуправа и во тој контекст Министерството е заинтересирано заедно со градот Скопје да отвори дијалог за подобрување на нормативната рамка од аспект на поефикасно спроведување на надлежностите.

-Ефикасноста е важна во испораката на услугите и во решавањето на проблемите и во таа смисла наша задача е да бараме решенија за подобрување на системот, рече министерот Фазлиу.

Градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов изрази задоволство од покажаниот интерес за соработка на Министерството за локална самоуправа со градот Скопје и изрази подготвеност да се отпочне со дијалог на техничко ниво.

-Ова е време на отворени општини и градови и целта е градот Скопје да се организира и да функционира како отворен град, рече градоначалникот Шилегов.

Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу и градоначалникот на Скопје и претседател на ЗЕЛС, Петре Шилегов разговараа и за прашања кои што се од интерес за сите општини, пред се финансиската стабилност на општините, решавање на проблемите со наследените долгови и начините за системско решавање на прашањата, со цел да се обезбеди непречено вршење на функциите во обезбедувањето на услугите за граѓаните.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он